ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ТОКИО: Одложувањето донесе загуба од 800 милиони долари, неизсвесно дека ќе се одржат дури и во 2021
Објавено во: Свет 17 Мај, 2020
Според шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом, Летните Олимписки игри во Токио тешко ќе може да се организираат дури и во 2021 година. Тие требаше да се одржат годинава во август, но беа одложени поради пандемијата на корона вирусот која го зафати светот. Тедрос рече дека најубаво би било светот да се собере во Токио, каде ќе се прогласи победа над вирусот, но изрази сомневање дека дури и следната година ЛОИ ќе може да се одржат.
- Нема да биде лесно, ќе мора да има национално единство во целиот свет и глобална солидарност, истакна Тедрос.
Одложувањето на еден од најголемите спортски настани, кои со нетрпение го чекаат милиони во светот, донесе загуба од 800 милиони долари. За да ги организира Летните олимписки игри, Јапонија вложи 12 милијарди долари.