26 Април, 2024
0.0266

ОМИКРОН ПРЕЗЕЛ ДЕЛ ОД ВИРУСОТ НА НАСТИНКА: Дали е поопасен?

Објавено во: Свет 04 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Новата варијанта на коронавирусот Омикрон најверојатно собрала најмалку една од нејзините многубројни мутации со тоа што презела парче од генетскиот материјал на друг вирус, најверојатно оној што предизвикува обична настинка, кој е присутен кај истите заразени клетки, велат истражувачите.

Според светските агенции, ова не е забележано во ниту една претходните варијанти на коронавирусот, но е присутно кај многу други вируси, вклучително и оние кои предизвикуваат настинки, како и во човечкиот геном, велат експертите.

– Омикрон со преземањето на новиот „код“, се прави себеси „почовечки“, што може да му помогне да го избегне имунолошкиот систем“, рече Венки Саундарарајан, експерт во Nference, компанија за анализа на податоци со седиште во Кембриџ, Масачусетс. Саундарарајан го предводеше ова истражување објавено како „препринт“, што значи дека сè уште чека научна рецензија.

Откритието може да значи дека вирусот полесно се пренесува, но и дека предизвикува само блага или асимптоматска болест, што би било одлична вест за човештвото по речиси две години пандемија. Научниците сè уште не знаат дали Омикрон е позаразен од другите варијанти, дали предизвикува потешка форма на болеста или дали ќе ја надмине Делтата како најраспространета варијанта на коронавирусот.

Според претходните студии, клетките во белите дробови и гастроинтестиналниот тракт може да содржат САРС-КоВ-2 и вируси на обична настинка во исто време. Ова би овозможило рекомбинација на вируси, процес во кој два различни вируси во иста клетка домаќин меѓусебно дејствуваат додека се копираат себеси, создавајќи нови копии кои го имаат генетскиот материјал на двата „родитела“.

Истата генетска низа се појавува кај човечкиот коронавирус HCoV-229E, кој предизвикува настинки кај луѓето, како и кај вирусот ХИВ, кој предизвикува Сида, наведува Соундарарајан.

Јужна Африка, каде што првпат беше идентификуван Омикрон, има највисока стапка на заразени со ХИВ во светот, а тој го ослабува имунолошкиот систем и ја зголемува подложноста на лицето на инфекции со вируси на настинка и други патогени. Има многу луѓе во тој дел од светот кај кои можела да се случи рекомбинација, рече Соундарарајан


Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни