ОНА ШТО СВЕТОТ НЕ ГО ЗНАЕ: Путин има човек за во иднина
Објавено во: Свет 26 Август, 2017
Пред три години кога рускиот претседател, Владимир Путин го избра Максим Орешкин за министер за економија не делуваше како политички важен.
Го доби министерството чиј прв човек отиде во притвор заради мито од 2 милиони долари.
Сите мислеа дека тоа е привремено.
Но, месеци подоцна тој стана омилен министер на Путин.
Орешкин беше рамо до рамо со Путин при сите меѓународни активности, и имаше многу поважна улога од неговиот претходник.
Министерот кој има 35 години доста постигна и направи во својата земја.
„Ние градиме министерство за иднината“ - рече тој во една прилика.
Тој е млад и можно е во иднина да стане премиер. За Путин важно беше да ја извади земјата од долга рецесија.