29 Април, 2024
0.0287

Онлајн кредитите на финансиските друштва ги „натераа“ банките да се борат за клиенти

Објавено во: Економија 25 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

За задоволување на итни и неочекувани потреби, здравствени прегледи или медицински зафати, или пак можеби и за набавка на бела техника, граѓаните сé почесто се обраќаат до финансиските друштва за добивање таканаречени, брзи кредити. Иако овие финансиски друштва, според обемот на активата, односно пласираните средства, како и според бројот на склучени договори, сé уште се мали во однос на традиционалните банки, сепак, перманентниот раст на овој сектор во целина е најдобар показател дека граѓаните кои имаат сé повеќе потреба од заеми на помали количини, кои ги добиваат во кратки рокови и следствено во една едноставна процедура, a ова е причината зошто многу луѓе веруваат дека ова е најпогодно решение за нив. И покрај тоа, многумина ги враќаат на пократки рокови.

Меѓутоа, не се само финансиските друштва тие што даваат брзи кредити. „Ало“ кредит за кој се аплицира по телефон, „брз“, „инстант“, „лесен кеш“, „експрес“ кредит, се само некои од рекламите на банките за одобрување позајмици на граѓаните. Денес веќе кај многу банки може да се аплицира онлајн, се промовира одобрување средства во рок од еден ден, и тоа дури и кај оние најголемите кои во минатото беа ригорозни во однос на кредитирањето, особено кога станува збор за потрошувачки кредити.

Финансиските друштва имаат далеку помал обсег на работа во однос на банките, поради што реално во моментов сé уште не им се поголема конкуренција.Но, во секој случај, нивната политика за брзо одобрување на кредитите, лесна и достапна за секого, влијаеше позитивно и набанките ина менување на нивниот начин на работа и однос кон клиентите.

Исполнета функцијата

Отворањето на финансиските друштва во земјава се овозможи со Законот за финансиски друштва кој беше донесен кон крајот на 2010 година со образложение дека тие треба да претставуваат дополнување на кредитната активност на банките, што вклучуваше клиенти без кредитна историја, без можност хипотека и без жиранти, поради поконзервативната кредитна политика на банките.

Дека оваа улога тие ја имаат остварено доказ е перманентното, од година во година,  зголемување за висината на пласираните средства и нивната сé  голема пенетрација во финансискиот сектор. А главна причина за тоа секако е брзата и едноставната постапка за добивање на толку неопходните средства, само со лична карта.

Според податоците од Народна банка, на крајот на минатата година финансиските друштва кои одобруваат брзи кредити имаат пласирано кај граѓаните кредити во висина од 33,6 милиони евра. На крајот на 2016 година вкупната актива на финансиските друштва била 16 милиони евра, што е за двојно помалку од сумата на крајот на 2017 година, што е најдобар доказ дека постои интерес од страна на граѓаните за ваков вид позајмици.

Најголем дел се пари се издадени како кредити или така исплатени биле 17,5 милиони евра, а најголеми корисници на овие средства секако се граѓаните кои претставуваат 95 отсто од сите склучени договори.

Решавање животни прашања

Основен извор на финансирање на брзите кредити е доминантно од сопствен капитал и резерви, или пак, од заеми. Бидејќи кај нив и ризикот од ненаплата на побарувањата е многу поголем отколку кај банките, тие се и релативно поскапи поради нивниот краток рок на отплата. Сепак и како такви, на многу граѓани им помагаат во решавање на животни прашања.

„Имав неплатени сметки за електрична енергија кои поради зимскиот период беа повисоки и не можев редовно да ги сервисирам со моите примања. Ми пристигна извесување дека, ако не ги платам во рок од 8 дена, ќе бидам дадена на извршител. Немав од каде да позајмам 200 евра и се обратив до едно финансиско друштво. За неколку месеци го отплатив брзиот кредит, платив нешто повеќе од позајмениот износ, ама тоа е ништо во однос на тоа колку ќе ме чинеа сите трошоци доколку дојдеше до извршување“, вели Мирјана од Скопје.

На друг сограѓанин ваквата позајмица му го решила прашањето на плаќање на школарината за факултет за синот. На некои, пак, им помага да го истуркаат месецот во услови кога им доцнат месечните примања. Приказните се различни, но во суштина секаде брзите кредити решавале горливи прашања.  

Токму затоа активностите кои ги вршат финансиските друштва сé вистинско дополнување на кредитната активност на банките. Дополнително, нивната работа е „позитивна конкуренција“ која придонесува за менување на конзервативниот пристап на банките во однос на кредитирањето и граѓаните, со што тоа тие во овие неколку години придонесоа во целина за заживување на целокупната кредитна активност во земјава.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа