29 Април, 2024
0.0269

Опозицијата не го признава кварталниот раст од 3,1 отсто, СДСМ возврати

Објавено во: Економија 07 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ смета дека статистичкиот економски раст на Бруто домашниот производ не се чувствува во стандардот на живеење, додека СДСМ возврати дека економијата расте поради напредокот на Македонија кон членство во евро-атлантските структури. Заводот за статистика вчера објави дека кварталниот раст април-,мај-јуни бележи напредок од 3,1 отсто, за разлика од првиот кој беше само 0,1 отсто, со што е направена консолидација за кратко време во планираната проекција.

Економијата повеќе од 15 месеци тоне. Нема реален напредок, а граѓаните се се посиромашни. Единствена светла точка се странските инвестиции, кои дојдоа во државата и отворија голем број на работни места благодарение на добрите политики на ВМРО-ДПМНЕ, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата нагласуваат дека странските инвестиции се моторот на економијата и фактор кој продуцира додадена вредност.

-Сите други сектори тонат поради неодговорните политики на власта. Власта го гуши реланиот сектор, наместо поддршка за домашните компании кои произведуваат и се извозно ориентирани гледаме како владата преку Фондот за иновации дели грантови на  партиски функционери, дели милионски тендери на ново формирани фирми и дава лиценци за спроведување возачки испити на фирми без ден работни искуство во областа, се наведува во партиското соопштение.

Компаниите, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, се понижени и немаат простор за работа, а граѓаните се соочуваат со реално намален стандард.  Стоките и услугите се поскапи, а платите не само што не се зголемуваат туку и се намалуваат.

-Градежништвото е во застој, а процентот на реализација на капитални инвестиции од почетокот на годината заклучно со месец јули изнесува само 21.33%, што е историско најниско ниво и е показател на целосна неспособност на извршната власт. Република Македонија во  изминативе 15 месеци доживува само порази. Оваа агонија не смее да продолжи. СДСМ мора да си замине. Државата мора да тргне напред, стои во партиското соопштение.

Растот на домашниот бруто-производ БДП од 3,1 отсто во вториот квартал ја потврдува успешноста на владините економски политики и позитивното влијание на интеграциите во ЕУ и НАТО, се вели во соопштението на СДСМ.

Од таму додаваат дека „придвижувањето на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО позитивно влијае врз економијата.“

„Таквиот процес дополнително ќе се интензивира по влезот во НАТО и по започнување на пристапните преговори за членство во ЕУ. Со влезот во ЕУ, Македонија станува дел од пазар од 500 милиони потрошувачи, македонската економија станува поконкурентна, се отвораат можности за повеќе инвестиции, нови работни места и засилен економски раст.Имајќи предвид дека во последниот квартал од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во 2017 економијата бележеше пад од 1,3 отсто, за нешто повеќе од една година, Владата предводена од СДСМ со успешните економски политики успеа да ја стабилизира економијата и да ја придвижи во вистински правец“, се додава во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека економијата повеќе од 15 месеци тоне, нема реален напредок, а граѓаните се се посиромашни.

„Единствена светла точка се странските инвестиции, кои дојдоа во државата и отворија голем број на работни места благодарение на добрите политики на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од таму.



Можеби ќе ве интересира

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица