05 Мај, 2024
0.0346

ОПШТИНИ ПОД КАРАНТИН ВИКЕНДОВ? Одлука ќе се донесе најдоцна до утре

Објавено во: Македонија 03 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Овие два дена Комисијата за заразни болести, анализирајќи ја состојбата, како што велат, од час во час, можно е да препорача, претстојниов продолжен викенд, дел од општините, од каде во изминативе два дена имаше најголем број на заразени, да бидат под рестриктивни мерки на движење, односно повторно да биде воведен полициски час.

Инаку, овие два дена бројот на заразени од корона вирусот е највисок од почетокот на епидемијава. Завчера беа регистрирани 89, а вчера 76 нови случаи на заразени. Министерот за здравство, Венко Филипче, на вчерашната прес-конференција изјави дека новозаразените се од познати кластери од неколку скопски општини, Чаир, Бутел, Сарај, Аеродром, како и од Штип, Тетово...

Сепак тој истакнува евентуалното воведување полициски час во овие општини не би било задоцнета мерка.

- Рестрикциите и забраните се непожелни и можеме да ги избегнеме доколку ги почитуваме препораките, истакна министерот Филипче на вчерашната прес-конференција.

Во текот на овие денови се очекуваат и резултати од масовните тестирања кои се спроведуваат во Штип, пред се на работниците од петте конфекциски фабрики, како и во Тетово. 

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца