ОПТИМИЗАМ КАЈ ФРАНЦИЈА: Tимоние кажа која е рак раната на нашето општество
Објавено во: Македонија 03 Март, 2020
Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска на средба со премиерот Оливер Спасовски, изјавил дека Франција со оптимизам гледа на извештајот на Европската комисија.
Ист е ставот и за методологијата за проширување како охрабрувачка основа за донесување одлука за старт на преговорите на ЕУ со Македонија.
Спасовски нагласил дека извештајот завршува со уште една препорака за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, и дека тоа е резултат на посветената работа и во периодот на актуелната Влада, во кој се затворија неколку важни реформски прашања, меѓу кои и пакетот закони за правосудството.
Тимоние во интервју за Македонското радио вели дека корупцијата преставува рак рана во општеството и дека за „бомбите“ треба да се изјасни судството. Тој додава дека на овие избори гласачите ќе може да избираат помеѓу апатија или можност да ги променат работите.
Вчера беше објавен мини извештајот за напредокот на Македонија.
Европската Комисија во мини извештајот за нашата земја наведува дека има значителен напредок во реформите и уште еднаш му препорачува на Советот да се отворат преговори со Република Северна Македонија.