Орбан вклучен да даде поддршка
Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2018
Конзервативниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан, беше вклучен преку видео-врска за да му даде поддршка на анти-владиниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата на РМ вечерва во Скопје.
- Продолжете, не се откажувајте, повторно ќе победите - им рече десничарскиот лидер кој во моментов е под жестоки критики во ЕУ за авторитарно раководење.
Вклучен беше и Жозеф Дол, претседателот на Европската народна партија, како еден од партиските пријатели на ВМРО-ДПМНЕ.
На протестот не е присутен доскорешниот партиски претседател и поранешен премиер Никола Груевски.