„Орка Холдинг“ го презеде „Жито Полог“
Објавено во: Економија 27 Март, 2024
Комисијата за хартии од вредност на денешната седница ја прогласи за успешна понудата за преземање на акции издадени од ”Жито Полог" АД Тетово дадена од преземачот "Орка Холдинг“ АД Скопје.
„Понудата за преземање e прифатена од страна на вкупно 4 акционери-сопственици на акции со право на глас во “Жито Полог” АД Тетово, кои поседуваат вкупно 399 акции со право на глас кои беа предмет на Понудата за преземање, што претставува 0,71% од вкупниот број на издадени акции со право на глас од страна на ”Жито Полог" АД Тетово“,објави КХВ.
Орка Холдинг на средината на февруари, понуди преземање на уште 50 отсто од акциите на мелничко-пекарската компанија од Тетово, за сума од нешто повеќе од еден милион евра. Холдингот веќе поседуваше 13.990 акции во ова друштво.
„Во понудата за преземање не е утврден праг на успешност, односно не е определена најмала количина на обични акции со право на глас на кои се однесува Понудата за преземање која треба да биде прифатена за истата да се смета за успешна“, додава КХВ во денешното соопштение.