Османи за Димитров: Откако ќе видите дека не сте на списокот, тајмингот е погрешен
Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2022
Шефот на дипломатијата, Бујар Османи во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 изјави дека не сака да влегува во дискусија со екс министерот Никола Димитров и да одговори на неговите напади.
Вели дека јавноста кажала доволно.
„Ќе беше изненадување тајмингот да не беше тој. Откако ќе видите дека не сте на списокот, тајмингот е погрешен. Ќе се воздржам од коментари, само можам да му посакам успех во понатамошната работа. За решавање на овие спорови, можеби за првпат, политичарите Македонци и Албанци зборувааа во ист тон. Тоа е многу важно. Ние со Димитров не сме имале суштински разлики во процесот, само во работната дисциплина“, рече Османи.
Димитров претходно кажа дека нема целосна доверба во Османи.