Османи за oдносите со Бугарија: Има повеќе разбирање за позициите на едниот и другиот
Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2022
Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи вели дека не може да каже дека 100 отсто ќе биде успешен овој втор циклус во односите со Бугарија.
Додаде дека чесно и посветено работат за да најдат решение зашто европерспективата е важна за општиот прогрес.
Во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5, Османи рече дека двете влади се договорија да почне нова динамика на процес со платформа за враќање на довербата преку честа комуникација и соработка.
„Има повеќе разбирање за позициите на едниот и другиот. Ќе му дадеме шанса на процесот. Почнат е процесот на разговори и тековно ќе ја информираме јавноста“, рече шефот на дипломатијата.
Вели дека за пакетот 5+1 досега многупати кажал и ништо не се крие, а тоа што не е претставен како документ, рече, е затоа што се работни верзии кои се разменуваат како нон-пејпери и дотогаш не се објавуваат.