ОСТАНУВА ПРЕМИЕРКА: Тереза Меј ќе го истера Брегзит до крај
Објавено во: Свет 13 Декември, 2018
Засега британската влада останува да ја води премиерката Терза Меј. Таа преживеа гласање недоверба и добила поддршка од пратеници со 200 гласа за и 117 против.
Ова значи дека Тереза е сигурна уште година дена колку што не смее да се одржи ново гласање за недоверба.
-Ова беше долг ден полн со предизвици, но драго ми што колегите ме поддржаа.
Иако сум им благодарна на оние кои гласаа во моја корист, значаен број на пратенци од Конзервативната партија гласаше против мене, јас сите ги сослушав.
-После ова гласање мора да обезбедиме подобра иднина за нашата земја. Да го спроведеме Брегзит за кој луѓето гласаа и на нашата земја да и ја вратиме контролата над нашите пари, граници и закони.
Треба да изградиме подобро општество, а тоа мора да почне овде во Вестминстер. Нашата мисија е да создадеме земја која ќе работи за сите“ - рекла Меј.