Осуди од сите страни стигаат за нападите во Истанбул
Објавено во: Свет 02 Јануари, 2017
Осуди од сите страни стигнаа за нападите во Истанбул, изведени на Нова година и вчера.
Германската канцеларка Ангела Меркел изрази сочувство во врска со нападот за време на новогодишната прослава во ноќниот клуб во Истанбул, а сочуство изрази и францускиот претседател Франсоа Оланд.
Грчкиот премиер, Алексис Ципрас упати сочувство до семејствата на жртвите од терористичкиот напад во ноќен клуб во Истанбул, во кој загинаа 39 луѓе, нагласувајќи дека соработката мора да се зајакне во 2017 година за да биде тоа година на мир и безбедност.
И грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос изразил сочувство до турскиот народ.
Папата Францис, пред 50.000 луѓе на плоштадот „Свети Петар“ го осуди нападот во Истанбул и порача дека се моли за жртвите.
Белата куќа остро го осуди нападот во Истанбул и повторно ја потврди поддршката за Турција во борбата против тероризмот.