Осумнаесетгодишник со БМВ предизвикал кобна несреќа во Гостивар: Еден мртов, тројца тешко повредени
Објавено во: Македонија 28 Декември, 2020
Педесет и седумгодишен жител на гостиварското село Равен го загубил животот во тешка сообраќајна несреќа која синоќа се случила на регионалниот пат Гостивар-Чегране.
Имено, според полициските сознанија, околу 20 часот во селото Форино патнички автомобил „шкода фелиција” со гостиварски ознаки која ја управувал сега починатиот Л.Х. се судрил со „БМВ” со австриски ознаки што го управувал И.М. (18) од селото Чегране. Во несреќата, возачот Л. Х. задобил тешки телесни повреди од кои починал на самото место, а тројца сопатници во неговото возило телесни повреди и биле пренесени во гостиварската болница.
„Причините и околностите кои довеле до несреќата ќе се утврдуваат по увидот што го прават јавен обвинител и екипа на ОВР Гостивар. Возачот на „БМВ-то” е обезбеден, наведуваат од полицијата