Отиде на породилно, се врати во топ 6 најбогати личности
Објавено во: Економија 29 Јануари, 2016 15:48
Марк Цукенберг, основачот на Фејсбук стана шестата најбогата личност на светот и тоа за време на породилно отсуство на кое бил два месеци.
После објавата на одличните квартални резултати, цените на акциите на Фејсбук порасна за 12 одсто, така што богатството на Цукенберг сега изнесува 47,9 милијарди долари, според пресметките на Форбс.
Цукенберг има 31 година и е најмлада личност меѓу десетте најбогати на светот.
Откако пред два месеци станаа родители, Цукенберг и неговата сопруга Присила, одлучија да го донираат своето богатство.
„Сакаме да создадеме подобар свет за нашите деца. Ќе донираме 99 одсто од акциите на Фејсбук во текот на нашите животи, а кои моментално вредат 45 милијарди долари, како би ги унапредиле животите на другите деца и за следните генерации“, објави Цукенберг откако стана татко.
На листата најбогати на врвот и понатаму е Бил Гејтс чиј имот е вреден 76,2 милијарди долари, а го следи Амансио Ортега. На трето место е Ворен Бафет.
Можеби ќе ве интересира
Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)
Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари
ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби
Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“
Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра
Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?




