16 Мај, 2024
0.0516

Отишол во Канада без денар, сега заработува милиони

Објавено во: Стил 21 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Во Канада отишол со само еден куфер кој вредел 20 долари, а денес Роберт Херјавец поседува компанија која заработува стотици милиони долари.

Роберт е роден во Вараждин, а многу рано, уште како дете од осум години, со родителите се иселил во Канада. И тоа без ништо. Се во нивниот куфер, вели, вредело само 20 долари.

Дипломирал англиска книжевност и политички науки на Универзитетот во Торонто, а својата кариера ја почнал зад камери па како теренски продуцент работел и на Зимските олимписки игри во Сараево за приватната канадска телевизија Глобал.

Меѓутоа, помеѓу снимањето барал уште работа па се јавил и на оглас на комапнија „Logiquest“ која работи за „IBM“. Бидејќи таму не бил квалификуван, се понудил да работи шест месеци бесплатно. Тие тоа го прифатиле, а Роберт преживувал „келнерисувајќи“.

Како што пишува „Јутарњи лист“, до 1990 нанпредувал до директорската позиција но после отказот ја основал својата прва компанија BRAK Systems. Таа фирма ја продал на телекомуникацискиот гигант AT&T за 100 милиони долари, а во 2003 година му се вратил на бизнисот и ја основал „Herjavec Group“.

Од компанија со тројца вработени „Herjavec Group“ стигнала до 150 вработени остварувајќи продајни резултати кои се мерат во стотици милиони евра.

Херјавец, да додадеме , напишал три книги за бизнис успехот: „Како да успеете во работата и животот“ во 2010 , „Волја за победа“ во 2013 година, а најновата ја објавил во март оваа година насловена како: „Не мора да бидете морско куче: Создајте го сопствениот успех“.