Откако беа прозвани од министерот Филипче - ПАНДОВ И СОПАРТИЈЦИТЕ СТАВИЈА МАСКИ
Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2020
Откако Министерот за здравство Венко Филипче објави од него фотографија дека на партиски состанок на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со многумина други сопартијци не носи маска, Александр Пандов вчера вечерта се поправи, и стави маска.
Пандов, кој го води Патриотскиот институт на партијата, вчера бил на партиска средба во Ресен, каде тој и другите членови на состанокот, носат маски.
Практично, Пандов објави многу слична фотографија со онаа за која го критикуваше Филипче, но овој пат во просторијата каде што се сликани, сите се со маска.
На маските се забележливи партиски одбележја. На маската од Пандов го има лавот, а на маските на некои други сопартијци знамето на Вергина. Додека, пак, некои ги носат обичните бели маски.
Како и да е, тие се заштитени со маските, иако премногу не се почитува социјалната дистанца.
„Во градот на првиот претседател на ВМРО доктор Христо Татарчев“, пишува Пандев за партискиот состанок во Ресен.
На неа се гледа како од над 20 лица присутни на состанокот, малкумина носат маски.