26 Април, 2024
0.0284

„ВОЈНА“ СО ФОТОГРАФИИ - Филипче објави слика на партиски состанок на ВМРО-ДПМНЕ без маски

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Откако партијата речиси секојдневно го прозива за лошо снаоѓање во справувањето со коронавирусот, министерот за здравство Венко Филипче синоќа објави фотографија на  Твитер, за која вели дека е Состанок на ВМРО-ДПМНЕ за барање одговорност од власта за коронавирусот, а на која се гледа како од над 20 лица присутни на состанокот, малкумина носат маски. 

Ни Александар Пандов не носи маска. Тој го води Патриотскиот институт на партијата, а е во средината. 

Таа фотографија всушност самиот Пандов ја има објавено на својот фејсбук профил.

Пандов се досега нема реакција за прозивките од министерот за здравство.

Состанокот, според фотографијата што ја објави Филипче, се одржува во затворена просторија. Како што е познато, постојат препораките да нема поголеми групирања од повеќе од четири лица, особено во затворени простории, со оглед на тоа што истражувањата покажуваат дека коронавирусот многу полесно се пренесува на тој начин, доколку не се носат заштитни маски и каде што има поголеми групи луѓе. 

Потоа, пак, многу приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека и состаноци на СДСМ се одржуваат без заштита, за што беа објавени и фотографии.

Реакции има и за автобусите кои се полни, а што споед опозицијата, е поради малиот број пуштен атобуси.

Неносењето маски на затворен простор се смета за еден од главните ризици за ширење на коронавирусот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот