Откако беше одбиен за пребројување, Ердоган ќе бара прегласување во Истанбул
Објавено во: Балкан 09 Април, 2019
Нови избори во Истанбул ќе побара владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на Реџеп Тајип Ердоган, според агенцијата Анадолија.
Според потпретседателот на АКП, Али Исан Јавуз, денеска ќе биде поднесена нивната апликација.
„Ќе забележиме дека имало настани кои директно влијаеле врз исходот на изборите и ќе се побара нивно прегласување во Истанбул“, рече Јавуз..
Всушност, тој истакна дека ако барањето е одбиено од страна на Изборниот совет, тогаш ќе останат сомневањата за победникот на резултатот.
Бинали Јилдирим загуби од опозицискиот противник Емре Имамоглу со само 20.000 гласови разлика во мултимилионскиот Истанбул.
Државната изборна комисија на Турција денеска го одби барањето на партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган повторно да се пребројат гласовите во 31 област во Истанбул.
Ердоган вчера кажа дека локалните избори во Истанбул биле нарушени од „организиран криминал“.