06 Мај, 2024
0.0310

Откриени 4 тони злато во потонат нацистички брод

Објавено во: Свет 24 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Вработените во британската компанија Advanced Marine Services (AMS) откриле сандак со големо количество злато во потонат германски брод од Втората светска војна во близина на брегот на Исланд. Се претпоставува дека благородниот метал е украден од банки во Јужна Америка и дека тежи околу 4 тони.

Се смета дека златото било доставено од соработници на „Banco Germanico“, подружница на Германската дрезденска банка.


Сандакот е пронајден во поштенска просторија на нацистичкиот брод Minden, кој во септември 1939 година, веднаш по избувнувањето на Втората светска војна, пловел од Бразил во насока на Германија. Бродот бил забележан од британски крузери и по наредба на Адолф Хитлер тој е потопен, за да не му се даде можност товарот да биде конфискуван.

Со образложение дека откритијата му припаѓаат на тој што ги открил, сега AMS сака да го однесе златото во Велика Британија. За целта компанијата побарала од исландската влада дозвола да пробие дупка во трупот на бродот и да го извади сандакот на површината. Се очекува локалните власти наскоро да дадат мислење чија сопственост е златото, што се наоѓа во Атлантскиот Океан на 190 километри (120 милји) југоисточно од Исланд.

Можеби ќе ве интересира

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра