ОТПИШУВАЊЕ НА КАМАТИ: Ќе важи ли и за радиодифузната такса?
Објавено во: Економија 05 Септември, 2018
Се бара отпис на камати за плаќање на радиодифузна такса затоа што голем број граѓани должат за оваа услуга.
Собраниската Комисија за финансирање и Буџет денеска не расправаше по Предлог законот за отпишување камати за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, поднесен од пратениците и од опозицијата и од владејачките партии, со цел тој да се доуреди.
Пратеникот Панчо Минов од ГРОМ, побара одложување на оваа точка, предлог кој го поддржаа останатите членови. Тој појасни дека за комисиската расправа се утврдени седум амандмани, но дека во меѓувреме од поставувањето на точката стасале нови предлози, и нив како предлагачи треба да ги анализираат.
„Од јавната расправа прифативме да се прошири опсегот и ослободувањето да важи и за радиодифузната такса, што е значајно прашање бидејќи има голем број граѓани должници по овој основ. Прифативме и пред да отпочне постапката за отпис доверителите да донесат одлука на своите управни органи и таа да биде објавена во медиуми“- вели Минов.
Според него, она што е многу важно е и тоа дека прифатиле намалување на процесни и извршни трошкови за нотари, адвокати и извршители наместо една третина да плаќаат една четвртина
Законот за отпишување на камата за наплата на долгови, кој во прво читање Собранието го
усвои кон крајот на јуни, обезбедува отпис на затезната односно казнената камата, која се
однесува на главниот долг и на трошоците на постапката за комунални дејности, електрична,
топлинска енергија, телефонија, мобилни и кабелски оператори, вода и смет, одржување на
заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште и слично.