09 Март, 2025
0.0435

ОТРОВЕН ПЛЕВЕЛ СЕ ПОЈАВИ ВО ТИКВЕШИЈАТА: Екологистите објаснуваат колку е опасeн и како да се заштитиме

Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2025

Добивај вести на Viber

Во Македонија се појави отровното растение именувано како Сребрена ноќница, за што од Ековита од Неготино алармираа дека луѓето треба да го препознаат и да реагираат кај нив.

Ова растение може да нанесе штети на земјоделскиот сектор и на добитокот. Сребрена ноќница – е опасен инвазивен вид кој ја загрозува Македонија. Solanum elaeagnifolium, познато како Сребрена ноќница, е агресивно инвазивно растение кое веќе ги загрозува биодиверзитетот, земјоделството и сточарството во Вардарскиот регион. Ова растение е отровно за добитокот, а неговото неконтролирано ширење може да предизвика сериозни економски и еколошки последици.

Потекнува од Јужна Америка, но денес е раширено низ САД (Тексас, Аризона, Калифорнија), Австралија, Медитеранот и Балканот. Во Грција е масовно распространето, особено на граничниот премин Богородица, каде се очекува негов продор на македонска територија. Пренесено е во Македонија со прекуграничната трговија, најверојатно преку камионите кои носат руда од Солун до Кавадарци. Забележано е во Неготино и Кавадарци, во близина на транспортните коридори. Ги загрозува тревопасните животни – растението е отровно за добитокот, а неговите алкалоиди можат да предизвикаат невролошки нарушувања, па дури и смрт. Го уништува земјоделството – брзо се шири и ги задушува локалните култури, пасиштата и обработливите површини. Се шири неконтролирано – отпорно е на суша и неповолни услови, а неговото семе може да се разнесува преку ветер, вода и транспортни возила“, објаснува Кристина Тодорова, координатор на проектот во Здружение на граѓани Ековита.

Преку проектот „ЕКОМИСИЈА - Заштита на Вардарскиот регион од инвазивниот растителен и токсичен вид Solanum elaeagnifolium“, кој го спроведува Здружение на граѓани Ековита, финансиски поддржан од Амбасадата на Шведска преку регрант на Екосвест, активно работат на: Мапирање и идентификација на жаришта – првите точки на ширење се лоцирани и пријавени. Превенција и уништување – физичко отстранување и селективна употреба на еколошки хербициди само во безбедносни појаси. Едукација на јавноста – организираат кампањи за граѓаните, сточарите и земјоделците, соработка со институции – поддршка од Министерството за животна средина и Министерството за земјоделство за долгорочна контрола.

Ако го забележат растението, луѓето треба да пријават во Ековита, на мејлот ekovita@hotmail.com или на нивната страна на Фејсбук да ги контактираат (Ekovita Ngo).

„Сребрената ноќница е еколошка и економска закана која бара итна акција. Наша цел е да го спречиме ширењето на ова токсично растение и да ја подигнеме јавната свест за неговата опасност. Ве повикуваме сите – граѓани, сточари, земјоделци – да се вклучат во заштитата на нашата природа. Она што е исклучително важно, е тоа што навремено го забележавме и веднаш алармиравме за проблемот. Ги повикуваме сите граѓани кои ќе го препознаат ова растение на одредена локација да ни се обратат. Постојат одредени протоколи за уништување на растението, со што ќе спречиме негово проширување. Засега не треба да се прави поголема паника, туку веднаш да се алармира, бидејќи како што напоменав, има начини за справување. Преку нашиот проект веќе спроведуваме активности со цел да го спречиме ширењето на растението“, додава Тодорова.

Апелираат  до сите граѓани заеднички да дејствуваат, односно да обрнат особено внимание, за заштита на насадите, добитокот, како и населението. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ИМОТЕН ЛИСТ МОЖЕ ДА СЕ ИЗВАДИ И ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ - министерот Андоновски најавува забрзана дигитализацијата на јавните услуги, ќе има новини и за медиумите

ИМОТЕН ЛИСТ МОЖЕ ДА СЕ ИЗВАДИ И ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ - министерот Андоновски најавува забрзана дигитализацијата на јавните услуги, ќе има новини и за медиумите

ЗАТВОРЕН ПАТОТ РЕСЕН - БИТОЛА ПОРАДИ СООБРАЌАЈКА: возилата се пренасочуваат по стариот пат (ДОПОЛНЕТО)

ЗАТВОРЕН ПАТОТ РЕСЕН - БИТОЛА ПОРАДИ СООБРАЌАЈКА: возилата се пренасочуваат по стариот пат (ДОПОЛНЕТО)

ИСЧЕЗНА МАЛОЛЕТНИК ОД ШУТО ОРИЗАРИ - полицијата трага по момчето

ИСЧЕЗНА МАЛОЛЕТНИК ОД ШУТО ОРИЗАРИ - полицијата трага по момчето

Јанев: Се додека не ги почитуваме сообраќајните правила без разлика дали има патроли или не изложени сме на опасност

Јанев: Се додека не ги почитуваме сообраќајните правила без разлика дали има патроли или не изложени сме на опасност

„КАКО ДОЈДЕ ДО СКАНДАЛОЗНИТЕ УСЛОВИ - САМО 1 ПРОЦЕНТ ОД ПРОФИТОТ ДА БИДЕ ЗА ДРЖАВАТА“: СДСМ го бара на увид договорот за паркингот на Клиника

„КАКО ДОЈДЕ ДО СКАНДАЛОЗНИТЕ УСЛОВИ - САМО 1 ПРОЦЕНТ ОД ПРОФИТОТ ДА БИДЕ ЗА ДРЖАВАТА“: СДСМ го бара на увид договорот за паркингот на Клиника

„ЗДРАВСТВОТО ДОЛГО ВРЕМЕ БЕШЕ ОСАКАТЕНО“: Вреди со пофалби до нивниот министер, најавуваат нови инвестиции во секторот

„ЗДРАВСТВОТО ДОЛГО ВРЕМЕ БЕШЕ ОСАКАТЕНО“: Вреди со пофалби до нивниот министер, најавуваат нови инвестиции во секторот

„РЕЖИМОТ Е СЕРВИРАН, ДЕКОРИРАН СО ПАПАЈА И МАНГО“: Макрадули со остра критика го окарактеризира 'новото нормално' како 'старо Грујово'

„РЕЖИМОТ Е СЕРВИРАН, ДЕКОРИРАН СО ПАПАЈА И МАНГО“: Макрадули со остра критика го окарактеризира 'новото нормално' како 'старо Грујово'

„СЕКОЈ ШТО ЗГРЕШИЛ ПРЕД ЗАКОНОТ, ТРЕБА ДА ОДГОВАРА“: Беџити од ДУИ зборува за поранешниот сопартиец, но и за следните избори

„СЕКОЈ ШТО ЗГРЕШИЛ ПРЕД ЗАКОНОТ, ТРЕБА ДА ОДГОВАРА“: Беџити од ДУИ зборува за поранешниот сопартиец, но и за следните избори

„Штета има на физичкото здравје заради недвижење, но особена штета врз менталното здравје“ - безбедноста на младите на интернет

„Штета има на физичкото здравје заради недвижење, но особена штета врз менталното здравје“ - безбедноста на младите на интернет