20 Февруари, 2025
0.0291

Отворен повик за 17-то издание на проектот ЛИДЕР: Врвна програма за развој на бизнис и претприемништво во Македонија

Објавено во: Економија 30 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Македонија2025 објави отворен повик заЛИДЕР проектот, кој по 17-ти пат ќе се одржи од 22-ри до 30-ти април 2025 година во Скопје. Проектот се реализира во соработка со Ivey Business School – Western University, кои ја организираат програмата уште од 1991-та година.

Оваа програма претставува десетдневна MBA (Management and Business Administration) обука, која ги охрабрува и поттикнува македонските претприемачи да развијат локални бизнис решенија, кои ќе создадат нови можности за социјален и економски општествен развој. 

Преку интерактивни методи на учење со „студии на случаи“, учесниците ќе имаат можност да се стекнат со корисни дополнителни знаења и вештини за секоја фаза од развој на бизнисот, поврзани со изработка на стратегија, финансии, маркетинг, промоција, продажба и развој, како и целосно да го развијат чувствотоза бизнис.Во текот на предавањата, учесниците ќе имаат можност за индивидуални менторски сесии со некој од инструкторите од „Ivey“ школата и/или ментори обезбедени од Македонија2025.

На повикот може да се пријават учесници до 35 години -претприемачи, менаџери, сопственици на компанија,млади професионалци од бизнис сферата и сите кои се заинтересирани да ги продлабочат своите знаења од областа на бизнисот и претприемништвото.

Инструкторите на ЛИДЕР проектот доаѓаат од канадската Ivey School ofBusiness, и на пријавените кандидати ќе им помогнат  да воведат нови бизнис практики во работењето на нивниот веќе постоечки бизнис или пак да ги претворат своите идеи во успешни бизниси на пазарот.

Повикот е отворен до 31-ви март 2025 година. Повеќе информации за критериумите и начинот на аплицирање ќе најдете на официјалниот отворен повик достапен ТУКА.

За сите дополнителни прашања контактирајте нè наbojana@macedonia2025.com.

За Македонија2025

Македонија2025 е меѓународна, независна, непартиска, непрофитна организација. Остануваме посветени на нашата мисија да помогнеме во создавањето на просперитетна економска клима во земјата и „посилна нација”, која ќе ги подобри можностите за граѓаните, компаниите и странските инвеститори. Промовираме одржлив економски раст преку поттикнување на конкурентноста, претприемништвото, иновациите и лидерството базирано на вредности.

Можеби ќе ве интересира

Анатол Кутревски во „Бизнис-клуб“: „Дипломираниот студент не треба да има енциклопедиско знаење, туку критички да размислува и да донесува одлуки“

Анатол Кутревски во „Бизнис-клуб“: „Дипломираниот студент не треба да има енциклопедиско знаење, туку критички да размислува и да донесува одлуки“

Почна поевтинувањето на производите, трговците и натаму незадоволни

Почна поевтинувањето на производите, трговците и натаму незадоволни

И ДИРЕКТОРОТ СЕ ОБЛЕЧЕ ВО ПИЖАМИ - А1 Хрватска своето ново партнерство го претставија необично, со долга филмска вечер, но и со еден детал...

И ДИРЕКТОРОТ СЕ ОБЛЕЧЕ ВО ПИЖАМИ - А1 Хрватска своето ново партнерство го претставија необично, со долга филмска вечер, но и со еден детал...

Бислимовски: Цената на струјата не е причина за високите сметки, туку потрошувачката не била добро предвидена

Бислимовски: Цената на струјата не е причина за високите сметки, туку потрошувачката не била добро предвидена

„ВИЗЕР“ УКИНУВА УШТЕ ЕДНА ЛИНИЈА: Престанува летањето од Скопје до Будимпешта

„ВИЗЕР“ УКИНУВА УШТЕ ЕДНА ЛИНИЈА: Престанува летањето од Скопје до Будимпешта

ОД ДЕНЕС ЌЕ КУПУВАМЕ ПОЕВТИНИ ПРОИЗВОДИ: Одлуката објавена во Службен весник, еве што се треба да поевтини

ОД ДЕНЕС ЌЕ КУПУВАМЕ ПОЕВТИНИ ПРОИЗВОДИ: Одлуката објавена во Службен весник, еве што се треба да поевтини

ВИЦЕ ЗАЕВ САКА, А И МОЖЕ, ДА БИДЕ САМ СВОЈ ГАЗДА ВО ДВЕТЕ „ГЕРАС ЦУНЕВ“: „Акционери, давајте ги своите сметки за да ви бидат префрлени парите, ова е последна шанса“

ВИЦЕ ЗАЕВ САКА, А И МОЖЕ, ДА БИДЕ САМ СВОЈ ГАЗДА ВО ДВЕТЕ „ГЕРАС ЦУНЕВ“: „Акционери, давајте ги своите сметки за да ви бидат префрлени парите, ова е последна шанса“

МЛАДИТЕ САКААТ БРЗИ РЕЗУЛТАТИ: Колку време е потребно за да се „испече“ еден занает?

МЛАДИТЕ САКААТ БРЗИ РЕЗУЛТАТИ: Колку време е потребно за да се „испече“ еден занает?

Само скромни казни за маркетите за потрошувачките „кошнички“ на власта

Само скромни казни за маркетите за потрошувачките „кошнички“ на власта