ОД ДЕНЕС ЌЕ КУПУВАМЕ ПОЕВТИНИ ПРОИЗВОДИ: Одлуката објавена во Службен весник, еве што се треба да поевтини
Објавено во: Економија 20 Февруари, 2025 08:42
Одлуките на Владата за ограничување на бруто профитната маржа и за замрзнување на дел од цените на прехранбените производи се објавени во „Службен весник“ со што од денес се очекува поевтинување на повеќе од 1000 производи.
Одлуките беа донесени на седница на Влада во вторникот, а ќе траат до 30 април. Опфатени се производи од 102 групи. Трговците се должни да имаат најмалку 70 проценти на рафтовите од овие производи.
- Нашите очекувањата се дека со овие две одлуки цените на основите прехранбени производи кои се содржани во одлуката ќе се намалат во просек за околу 10 отсто, освен осумте основни прехранбени производи - млеко, леб, брашно тип 400 и 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко за кои се очекува да останат на исто ниво, односно да не се зголемуваат или да има минимално намалување, рече заменик-министерот за економија Марјан Ристески на прес-конференција во вторникот.
Согласно владината одлука за ограничување на бруто профитната маржа, на пет проценти е ограничена маржата кај млекото, лебот, брашното тип 400 и 500, јајцата, маслото за јадење, јогуртот и киселот млеко, на 10 отсто кај месото и преработките од месо, шеќерот, млечните производи, маргаринот, путерот, конзервирниот зеленчук и овошје, гравот, оризот и тестенините и на 15 проценти кај средствата за хигиена, свежото овошје и зеленчукот, детергентите, бебешката храна, пелените, сапунот, тоалетната хартија и слично.
Со одлуката за утврдување на највисоки цени на осум групи основни прехранбени производи, пак, како највисока цена треба да се земе цената од 1 февруари годинава.
На одлуките на Владата, вчера реагираа од новоформираната Комора на трговци на големо и на мало од каде повторно побараа средба со премиерот и со министерот за економија.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




