27 Април, 2024
0.0301

Ова е болест која коси: Откријте ги на време симптомите на рак на дебело црево!

Објавено во: Стил 03 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Ракот на дебелото црево е вториот најчест канцероген тумор во заболување и умирање. Секоја година од овој рак заболуваат приближно 4500, а умираат повеќе од 3000 луѓе. Зошто се јавува рак на дебелото црево? Точната причина за настанување на рак не е целосно јасна. Најчесто се јавува како последица на дејства од наследни фактори и фактори на срдината, начинот на исхрана и живот. Факторите на ризик се исхраната богата со срвено месо и животински масти, пушење, алкохол, дебелина и слаба физичка. Кој може да оболи од рак на дебелто црево? Од рак на дебелото црево може да заболи практично секој , но тој најчесто се јавува кај луѓе помеѓу 50 и 74 години старост во двата пола. Кои се симптомите на рак на дебело црево? Болеста долго се развива без видливи тешкотии. Кога се појават зннаците, болеста веќе напредувала. Најчестите симптоми на рак на дебелото црево се: - Крварење во столицата, - Промени во движења на дебелото црево, - Абдоминална болка, - Анемија - Губење на тежината. Што значи рано откривање рак на дебело црево? Раното откривање (скрининг) на рак на дебелото црево се подразбира тестирање на здрави лица, без присутни симтоми и знаци на болест, во цел откривање на промени, најчести полипи, кои претходат на настанување на рак или рак во рана фаза. Полипите се бенигни израстоци во внатрешноста на дебелото црево. Во некои полипи со време може да настанат малигни промени. Времето на премин од бенигни на малигни промени се мери во години. Со благовремено откривање и отстранување на полипи пред да се појават во нив малигни промени,ја спречуваме  појавата на рак. Постојат неколку начини на скрининг. Тестирање на примероци од столица на присуство на крв, која е невидлива со голо око, а која често е прв знак на постоење на полип или рак во дебелото црево, е најчесто користен метод. Сите личности кои имаат од 50 до 74 години би требало да направат тетс на скриено крварење во столица. Позитивен тест уште не значи постоење на рак. Лицата кај кои тетсот е позитивен се упатуваат на колоноскопија, како би се открила причината на крварење - бенигни полипи, малигни болести или било која друга болест на дебелото црево. Доколку тестот е негативен, повторното тестирањето на скриеното крварење во столицата се прави после две години.  

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти