ОВА Е МАКЕДОНКАТА КОЈА БЕШЕ ЗАСТРЕЛАНА ВО ЧИКАГО: Објавен апел за донации
Објавено во: Македонија 24 Март, 2022
Повредената девојка која вчера беше застрелана во Чикаго, а која по потеко е од Македонија е Ана Бранковиќ Јовановиќ. Таа има 31 година и во Чикаго била неколку години, а вчера беше застрелана на работно место во ресторанот во Бур Риџ во Чикаго. На социјалните мрежи се појави апел за донации за Ана.
Таа се наоѓа на интензивна нега, а е повредена со три куршуми во ногата, во рамото и во раката.
Српските медиуми вчера објавија дека во инцидент што се случи вчера во преградието на Чикаго, Бур Риџ е убиен Србинот Никола Мишовиќ (30), а повредена е и една 31-годишна девојка која по потекло е од Скопје.
Убиецот Џереми Спејсер (31) од Арканзас кој бил вработен како возач во фирмата “Winners Freight LLC”, чиј сопственик бил убиениот Никола Мишовиќ пукал во него, а потоа продолжил во друга компанија „Force” која се наоѓала во истиот објект, а на која сопственик е Македонец. Тој претходно бил отпуштен од компанијата и сакал да се одмазди.
Во компанијата пукал во девојката.
Вооружениот напаѓач по убиството побегнал од местото, но полицијата набрзо го пронашла во близина на објектот во кој го извршил маскарот. Кога бил опколен и повикан да се предаде, осомничениот пред полицијата си пукал во глава.