30 Април, 2024
0.0265

Oва е најефикасен рецепт за подобар сон!

Објавено во: Стил 13 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Чај од камилица, лаванда и кантарион.

Овој чај се комбинира со три од најпознатите релаксирачки билки, познати и како најмоќните седативи во природата.

Камилица

Таа има седативно дејство благодарение на содржаната во неа состојка наречена апигенин, која се поврзува со одредени рецептори во мозокот (бензодијазепини и гама-аминобутерна киселина), создавајќи лесна реакција слична на лековите против вознемиреност, како на пример Xanax. ГАМК - гама-аминобутерна киселина (или GABA - гама-аминобутирова киселина) е втората најмногу распространета аминокиселина во организмот и игра огромна улога во нашиот централен нервен систем, смирува и ни помага да се опуштиме во сон.

Лаванда

Лаванда е билка која се користи со векови за смирување и релаксација. Доволно истражувања се направени и сите тие покажуваат дека луѓето кои се изложени на мирисот на лавандата добиваат промена на моделот на мозочните бранови, што покажува дека билката навистина предизвикува поспаност.

Кантарион

Тоа е билка која се смета за најмоќно средства за смирување во природата. Препорачуваме да користите кантарион само ако навистина имате сериозни проблеми со спиењето. Инаку направете чај само од горните две состојки.

Состојки за една чаша од 250 мл вода

Сушени цветови од лаванда - 1 лажиче Сушени цветови од камилица - 1 лажиче Сушени цветови од кантарион - 1 лажиче

Инструкции

Ставете водата да зоврие и додадете ја смесата од билки. Не е потребно да се вари повеќе од 1 минута, отстранете од топлина и оставете да се излади десетина минути. Потоа исцедете и пијте. Ако сакате можете да додадете мед за подобар вкус, но не шеќер или други засладувачи. Пијте чај половина час пред спиење.