03 Мај, 2024
0.0250

ОВА ФРАНЦУСКО СЕЛО СЕКОГАШ ГИ ПОГОДУВА ИЗБOРИТЕ: За кого ќе гласаат сега?

Објавено во: Свет 10 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Селото Донзи, кое e лоцирано на два часа возење јужно од Париз, е познато по тоа што веќе четири децении наназад гласа идентично со националниот изборен резултат. 

Ова село годинава  предвидува победа во првиот круг на кандидатката на крајната десница, Марин Ле Пен.

Фредерик Кудре (49), кој живее во ова француско село, ги сумира најновите прогнози на мештаните, според кои во првиот круг од претседателските избори во Франција, што ќе се одржи на 23 април, Ле Пен би добила 34% од гласовите, а кандидатот на десниот центар, Франсоа Фијон – 19,5 %, додека независниот центристички кандидат, Емануел Макрон – 19%, пренесува „Блумберг“.

Кудре, инаку симпатизер на Макрон, смета дека Фијон ќе ја претрка Ле Пен во вториот круг, но најмногу за два-три проценти. 

„Трката е тесна. Имам соседи кои ќе гласаат за Ле Пен, како и повеќе од половината негови работници. Плус нивните сопруги“- објаснува тој.

Мнозинството жители на Донзи не се сомневаат дека во првиот круг во нивното село ќе победи Ле Пен, иако повеќето од нив не признаваат дека ја поддржуваат нејзината политика за излегување од еврозоната. Има и такви кои велат дека ќе гласаат за неа „од патриотски причини“, затоа што биле изморени од „шефувањето“ на Европската унија и сметаат дека Франција треба да си го врати својот суверенитет и контролата над своите граници, но и да си ги заштити своите добра.

Истовремено, анкетите кои ги спроведуваат институтите за истражување на јавното мислење покажаа дека Макрон ќе го надмине Фијон во првиот круг и ќе влезе во вториот, одлучувачки круг што е закажан за седми мај, кога според резултатите од истражувањето, ќе триумфира над Ле Пен.

Можеби ќе ве интересира

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто

ПАНИКА ВО МЕЛБУРН - повторно напад во трговски центар во Австралија: маж украл нож во продавница и напаѓал посетители

ПАНИКА ВО МЕЛБУРН - повторно напад во трговски центар во Австралија: маж украл нож во продавница и напаѓал посетители

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

НАЈМАЛКУ 30 ЛИЦА УАПСЕНИ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОРТЛАНД: полицијата се уште е на терен

НАЈМАЛКУ 30 ЛИЦА УАПСЕНИ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОРТЛАНД: полицијата се уште е на терен

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија