29 Април, 2024
0.0862

Ова може да ви го промени животот: Погледнете по што се разликуваат посиромашните од богатите

Објавено во: Стил 23 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Разликата помеѓу богатите и сиромашните луѓе не е само во банкарските сметки и капиталот кој го поседуваат, туку и во размислувањето. Тоа во голема мера одредува дали ќе имаш ли среќа во потфитот или ќе немаш. Многу луѓе пораснале во сиромаштија, а потоа се збогатиле, други пак-назад го добиле целото богатство кое го потрошиле.

За тоа каква е разликата помеѓу размислувањето на сиромашните и богатите раскажува во својата статија во „Business Insider“ Даниел Али. Тоа е човек кој тргнал од нула, го направил својот прв милион долари на 24 години и во моментов консултира големи инвеститори.

Еве ги неговите забелешки:

1. Сиромашните луѓе секогаш се скептични. Тие сметаат дека сè е против нив, дека светот е одржан неправедно и дека успеваат само бескрупулозните и сурови дејствија. Богатите се оптимисти, тие веруваат во луѓето. Ќе се зачудите ако дознаете колку од нив ги остават на пример незаклучени куќи и автомобилите. Тие сметаат дека можат да веруваат во доброто.

2. Сиромашните секогаш бараат виновник за секоја неадекватност. Тие се занимаваат со причината за нив, а не го бараат решението. На обвинителна клупа за нив се е времето, околностите , владата, животната средина. Така наоѓаат оправдување дека не успеале во животот. Богатите се свесни дека за сè си има причина, но не ги оставаат работите едноставно да се случат, туку преземат акција во потрага по решение. И во повеќето случаи успеваат.

3.Бедните луѓе сакаат да претпоставуваат. Кога бараат некаква вистина, тие не сакаат да стигнат до неа, туку запираат до претпоставките. На пример, ако се наоѓаат во близина на некоја славна личност, тие си велат „Таа е многу позната, нема да сака да разговара со мене“, а не проверат дали тоа навистина е така. Богатите напротив, ја бараат својата вистина и поставуваат прашања директно. Тие можат да напишат писмо и до претседателот на САД и да му зададат вистински прашања, на кои потоа ќе добијат одговори.

4. Сиромашните секогаш велат „Тие“ и „нив“. Така ги идентификуваат луѓето од кои зависат кои им плаќаат за завршената работа. Но самите тие се некаде надвор на работата, значи тешко можат да успеат и да направат кариера. Богатите користат „Ние“, тие се дел од она што се случува во нивните животи и не се дистанцираат од нив.

5. Сиромашните мислат дека парите се поважни од времето. Тие имаат тенденција да го продаваат своето време за пари и така никогаш нема да го зголемат својот потенцијал што го имаат да работат за себе. Богатите знаат дека времето е поскапоцено од парите. Тие бараат искуства кои ги купуваат со пари и уживаат во времето посветено за самите нив.

6. Сиромашните имаат тенденција да ги имитираат другите. Тие гледаат како дејствуваат, се облекуваат или зборуваат за успех и се стремат да го прават сето тоа како некој. Не си го поставуваат прашањето дали не можам јас да го направам ова или она подобро. Богатите го прават токму обратното- тие бараат начин да постигнат нешто што другите не постигнале или да направат нешто подобро од досегашното.

7. Сиромашните се жалат, осудуваат и критикуваат. Тие се со мислење дека кај нив работите се полоши отколку кај нивните претходници. Богатите сакаат да се фалат и да уживаат во постигнатото. Тие ги сакаат наградите, бидејќи сметаат дека кој ќе биде награден, потоа напредува.

8. Сиромашните бараат совети од аматери, од свои познаници и веруваат на речиси сè што слушаат од нив. Не ги проверуваат сличните совети, го прифаќаат мислењето како факт. Богатите бараат одговори од професионалци. Тие ги научиле да мислат и самостојно, но кога не знаат нешто прашуваат кој знае. Плаќаат за консултации, но така имаат варијанти за решение кое го донесуваат сами.

9. Сиромашните имаат големи телевизори, богатите поголеми библиотеки. Телевизијата ви помага да избегнете од размислувањето, книгите и статиите тие одлучуваат да мислиш.

Не претпоставувајте дека можете да се збогатите само ако постапувате како богатите луѓе. Но знаењето за тоа како тие успеале, ќе биде од корист. Наједноставен совет е ако си опкружен од сиромашни луѓе, прави го спротивното од она што го прават тие.