Ова се новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ
Објавено во: Економија 15 Мај, 2017
Од ноќеска на полноќ горивата имаат нови цени.
Цената на бензинот се намалува за 3 денари, а дизел-горивото поевтинува за 2 денари, одлучи денеска Регулаторна комисија за енергетика.
Цената на „еуросупер БС-95“ и на „еуросупер БС-98“ се намалува за 3 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 63, односно 65 денари.
Цената на горивото „еуродизел“ се намалува за 2 денари и еден литар ќе се продава за 49 денари.
Како причина за намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од
РКЕ ги посочуваат за 5,45% пониската просечна цена на суровата нафта на
светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 2,2% понискиот курс на доларот во
однос на денарот.