ОВА СКАПО ЌЕ ГИ ЧИНИ: На Германија и се заканува катастрофа
Објавено во: Свет 07 Мај, 2018
До крајот на следната деценија на Германија ќе и недостигаат 4.9 милиони работници, а ако овој проблем не го решат, тоа ќе ги чини 525 милијарди евра.
Најголеми штети ќе трпи услужниот и финансискиот сектор.
До 2030 година во овие дејности ќе бидат потребни 1.2 милиони работници.
Ќе биде погодена и машинската индустрија која е главна извозна гранка.
Ќе бидат потребни инженери, а интересно е тоа што ќе се бараат и луѓе со средни и ниски квалификации.