Оваа валута до крајот на годината ќе зајакне за 10%
Објавено во: Економија 15 Мај, 2017
Победата на Емануел Макрон во Франција ја намали несигурноста во еврозоната и се очекува до крајот на годината еврото да порасне за 10%, велат аналитичарите.
На почеток од неделава оваа валута скокна на највисоко ниво за 6 месеци.
Во петокот едно евро се тргуваше за 1,0865 долари.
Тоа значи дека во понеделник еврото ослабна за 1.2% во однос на доларот, а доларот има добивка најголема на неделно ниво од почетокот на годината.
Аналитичарите сметаат дека еврото има растечки тренд.
Се смета дека во следните 6 до 9 месеци на еврото ќе се гледа економски, а не политички затоа што популизмот е на маргините.
Се верува дека до крајот на годината курсот на еврото и доларот ќе биде на ниво од 1.10 долари.