15 Мај, 2024
0.0258

Овој богаташ ја кажа суровата вистина и објасни: Еве зошто сте сиромашни!

Објавено во: Стил 03 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Џек Ма, основач на кинеската платформа за веб трговија, Алибаба, рекол дека најлоши работници се - сиромашните луѓе.

-Дајте им бесплатно, мислат дека е замка. Кажете им дека тоа е мала инвестиција, тие ќе речат дека не можат многу да заработат. Дајте им предлог да вложат многу, тие ќе речат дека немаат пари. Предложете им да пробаат нови работи, ќе се жалат дека немаат никакво искуство. Речете им дека тоа што го прават е традиционална работа тие ќе речат тешко е да се работи. Ако им кажете дека тоа што го работат е нов бизнис модел, тие ќе речат дека тоа е МЛМ маркетинг (начин на дистрибуција во кој фирмата ги продава своите производи по пат на самостојни дистрибутери со крајни купувачи) -рекол еден од најбогатите луѓе во Кина и додал:

-Ако пак им предложите да отворат продавница, тие ќе се жалат дека немаат слобода. Кога им предложите да покренат нова работа, ќе ви речат дека не се доволно стручни.

Тој исто така истакнал дека овие луѓе имаат некои заеднички карактеристики:

Џек Ма исто така рекол дека сиромашните луѓе сакаат за се да го прашаат „гугл“, да ги слушаат пријателите кои се безнадежни како и тие. Тие мислат повеќе од универзитетски професор, а работат помалку од слеп човек.

Само прашајте ги, што работат и нема да можат да ви одговорат-рекол тој.

На крај го изнесе својот заклучок:

-Наместо вашето срце да чука побрзо, зошто едностаставо не делувате малку побрзо? Наместо само да размислувате за нешто, зошто не направите нешто по тој повод? Сиромашните луѓе пропаѓаат поради едно заедничко однесување. Нивниот цел живот е во чекање!