26 Април, 2024
0.0264

Oвој човек спречил уште поголем масакр во Нов Зеланд

Објавено во: Свет 17 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Напаѓачот Брентон Тарант се движел кон џамијата пукајќи во сѐ пред себе, а Абдул Азиз(48) бил човекот кој не се сокрил. Тој ја зел првата работа што му се нашла при рака, апарат за скенирање кредитни картички, и истрчал надвор, викајќи: „Дојди ваму!“.

Него денес го сметаат за херој, затоа што спречил бројката на убиени во џамијата Линвуд во Крајстчрч да биде поголема. Но, Азиз, чии четири деца биле во џамијата, вели дека го направил она што верува дека повеќемина би го направиле.

Во терористичкиот напад, Тарант прво убил 41 лице во џамијата Ал Нор, а потоа уште седум во 5,5 километри оддалечената џамија Линвуд и откако денеска е пронајдено уште едно тело, вкупната бројка загинати во најголемиот масакр во историјата на Нов Зеланд се зголеми на 50.

Имамот Латеф Алаби верува дека во Линвуд ќе имаше уште повеќе мртви да не беше храбриот чин на Азиз. 

„Доколку убиецот успееше да влезе внатре, веројатно сите ќе бевме мртви“, раскажува Алаби.

Азиз, кој потекнува од Авганистан, вели дека истрчал од џамијата со надеж дека ќе му го одвлече вниманието на напаѓачот.

„Го фрлив апаратот за кредитни картички кон него, по што тој се врати во автомобилот по ново оружје. Потоа продолжи да пука од паркингот и кога по вторпат се врати да земе оружје, зедов еден празен пиштол од земјата и го фрлив по него, скршив прозорец од неговиот автомобил и тоа како да го исплаши и избега“, изјави Азиз.

Набргу потоа, Тарант го фатиле двајца локални полицајци.

Овој човек од Кабул дошол пред 25 години. 

Жртвите во нападот се од 3 до 77 години. 

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек