Oвој град „пука“ од супер богати луѓе
Објавено во: Финансии 08 Септември, 2018
Хонг Конг и официјално го надмина Њујорк по бројот на најбогати луѓе на светот.
Токму поради овој факт се бараат многу станови и многу луѓе сакаат да живеат во овој град.
Азија поради Хонг кКонг и Кина има најголем раст на ултра богати луѓе.
За 31 отсто пораснал бројот на ултра богатите жители кои располагаат со најмалку 30 милиони долари. Во Хонг Конг ги има 10.000, а во Њујорк околу 9.000.
Меѓу 10-те градови со најбогатите жители на светот се и Токио, Лос Анџелес, Лондон и Париз. Њујорк своето место на најбогат град во светот го држеше од 2011 година.
Меѓу најбогатите луѓе кои живеат во Хонг Конг е и Ли-Ка Шинг, чие царство „CKHUY” го контролира пристаништето, телекомуникациските мрежи и енергетските компании ширум светот.
На глобално ниво бројот на ултра богаташите се зголеми за 13 отсто во 2017 година, па сега ги има вкупно 250.000, со вредност од 31.5 билиони долари.
Повеќето од нив заработиле меѓу 30 и 100 милиони долари, додека 2.700 од нив забележале приходи од милијарда долари.
Во светот само 14 отсто од најбогатите луѓе се жени.