20 Декември, 2025
0.0449

Пациент умре од грешна инфузија, дали Министерот Тодоров требаше да го смени менаџментот на Битолската болница?!

Објавено во: Мои пари 12 Ноември, 2013 08:44

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Никола Тодоров нема да го смени од фунцијата директорот на клиничката болница во Битола, каде под контроверзни околности во период од 3 месеци починаа четворица пациенти. Иако во случајот со 60 годишниот битолчанец во болницата наместо инфузија во вените му ставиле средство за чистење, Тодоров тврди дека стручњаци го убедиле дека во болницата се работело според протоколи. Министерството сеуште ги чека резултатите од испитувањата од останатите смртни случаи, но Тодоров не гледа зошто директорот на болницата би требало да понесе барем морална одговорност.

Ние бевме во Битола со цел тим од 15 доктори кои имаа свој став за тоа дали се следени протоколите или не, особено во двата последни случаи, од докторите бев известен дека се целосно следени протоколите, ние земавме примероци од инфузиите кои се дадени на испитување и по добивањето на резултатите ќе ги соопштиме во јавноста – вели Никола Тодоров, Министер за здравство.

Ниту директорот на битолската болница не гледа вина во своето работење. За секој од четирите смртни случаи директорот Најдовски има различно објаснување, од медиумите бараше да се почекаат резултатите од обдукциите и лабараториските наоди за дадените инфузии.

Во трите случаи се е направено по клиничките протоколи, и на претходниот пациент кој почина од мозочно крварење му е направена компјутерска томографија и магнетна резонанца – изјави за ТВ Тера, Васил Најдовски, директор на клиничката болница Битола.

Смртоносната низа во битолската болница почна на 13 август годинава кога на 60 – годишниот битолчанец наместо инфузија му е даден абразив, потоа продолжи на 30 Октомври кога 29 годишен битолчанец умира од крварење на мозокот, додека на клиниката бил примен на инфективното одделение. Црната статистика продолжува на 4 – 5 – ти Ноември кога внатре во болницата и надвор од неа умираат уште двајца пациенти. Досега во однос на сите случаи кривична пријава поднесе единствено СВР Битола, и тоа за болничарот кој наместо инфузија ставил средство за чистење во Август.

Како зборуваше Тодоров пред две години?

Соочен со обвинувања на пациентка за несовесно лекување, министерот Тодоров на посебно свикана прес – конференција за медиумите на 2 – ри Ноември 2011 година, помпезно најавува дека ќе поднесува кривични пријави за несовесните лекари и за нивните грешки. Точно две години по изјавата министерството не поднесе ниту една кривична пријава за несовесно лекување, а нема намера да побара ниту морална одговорност од директор на болница во која на пациент наместо инфузија му е дадено средство за чистење.

Мора прстот да се тргне од сите здравствени работници, да се персонализира одговорноста а не да се колективизира. Здравствените работници нема да дозволам да бидат жртва а некои несовесни поединци. Ако има виновник да се казни, но во постапка утврдена со закон а не со јавен линч, изјави Никола Тодоров министер за здравство на 02.11.2011.

Засилени активности и контроли за наводите за несовесни работење, министерството за здравство има за време на штрајкот на лекарите – специјалисти кој заврши во Јануари годинава. Тогаш инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат ги крстосуваат клиниките и во услови кога лекарите го користат уставното право на штрајк бараат кои специјалисти не се на работните места. Но министерството отиде и чекор понатаму па ги повика пациентите во тој период да се обратат до министерството со поплаки за наводните несовесни лекари. Сега по случувањата во битолската болница се поставува отворено прашање, што е потребно да се случи за некој да поднесе барем морална, ако не кривична одговорност. Ако ставање на средство за чистење наместо инфузија, или ненавремено констатирање на мозочен удар кај млад човек не се доволна причина, тогаш македонското здравство поставува црни стандарди за морална, етичка, лекарска и министерска одговорност.

С.Р.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии