„ПАДНА“ ОДЛУКА: Дали Балканците ќе можат да работат во Германија?
Објавено во: Економија 09 Октомври, 2020
Продолжено Западнобалканското правило за работа во Германија.
Бундесрат го одобри продолжувањето на т.н. Западнобалканско правило, според кое граѓаните од регионoт може да одат во Германија на работа.
Граѓаните на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија, без оглед на нивните формални квалификации, може да дојдат во Германија на работа до 2023 година, објави „Дојче веле“ (ДВ).
Западнобалканското правило, кое истекуваше на крајот на годинава, сега е продолжено за две години, но добива ограничување во делот на бројот на лицата кои на овој начин може да влезат и работат во Германија, така што годишната квота изнесува 25.000 луѓе.
Германската влада наведува дека постои голема побарувачка на работна сила од Западен Балкан, особено во градежната индустрија.
Годишно околу 25.000 луѓе од регионот ќе можат да заминат во Германија.