28 Април, 2024
0.0333

ПАДНАА И АКЦИИТЕ: „Фејсбук“ „падна“ два пати за една недела

Објавено во: Стил 29 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Социјалната мрежа „Фејсбук“ падна двапати во последните денови, со што вчерашниот колапс доведе до пад на акциите на компанијата со речиси 4 отсто до 89,25 долари.

Во понеделник е константиран најголемиот прекин во деловите од Северна Америка. Апликацијата на Фејсбук за мобилни телефони, исто така, не е работеше, за разлика од услугата месинџер.

На корисниците им стигаше порака „За жал нешто тргна наопаку. Работиме на него“. „Фејсбук“ го обнови пристапот до мрежата за околу 40 минути.

Ова е втор колапс за помалку од една недела, откако сајтот го немаше и во четвртокот минатата недела. Тогаш падот ја погоди Северна Америка, Европа, Австралија и Индија, потсетуваат агенциите.

Социјалната мрежа се користи од 1,5 милијарди луѓе низ целиот свет.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти