ПАДНАЛ ВО БЕЗДНА: Планинар го остави животот на Олимп
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2019
Трагедија ги потресе планинарските друштва во земјава.
Официјално потврдено од Министерството за надворешни работи дека загинал планинар од Македонија на планината Олимп.
Како што се наведува се работи за лице со иницијали М.Г. роден 1962 година.
Според очевидци планинарот загубил рамнотежа при што паднал во бездна а обдукцијата во Солун ќе ги покаже официјалните причини за смртта.