06 Мај, 2024
0.0264

ПАЃА ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО: За ВМРО-ДПМНЕ виновна е власта

Објавено во: Економија 30 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во август 2017  година, во однос на август 2016 година, изнесува 94.7. 

По сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2017 година, во однос на август 2016 година, бележи опаѓање од 6.1%, во секторот Преработувачка индустрија  бележи опаѓање од 8.0%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 28.1%. 
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на производи од гума и производи од пластични маси,  Производство на метали, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки. 

Според главните индустриски групи, производството во август 2017 година, во однос на август 2016 година,  бележи пораст кај Енергија за 19.0%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.3%, Капитални производи за 12.4%, Трајни производи за широка потрошувачка за 8.7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.0%.  Индексот на индустриското производство во периодот јануари-август 2017 година, во однос на периодот јануари - август 2016 година, изнесува 99.9.

Претходно, индексот на индустриското производство во јули 2017  година, во однос на јули 2016 година, изнесуваше 97.8. Индексот на индустриското производство во јуни 2017  година, во однос на јуни 2016 година, изнесува 104.0.

Економската политика на СДС доживува тотално фијаско. Рецесијата е веќе реалност во Македонија, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ. 

„Индустриското производство тоне веќе трет месец по ред. Тоа што е најалармантно е дека станува збор за најдраматичното намалување на македонската економија“ - тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Со ваквите поразителни економски индикатори државата економски пропаѓа, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Можеби ќе ве интересира

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како се почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како се почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК