02 Мај, 2024
0.0253

Пакет со експлозив доби Шојбле од Грција

Објавено во: Свет 16 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Пакет со експлозивна материја е добиен по пошта во Министерството за финансии на Германија во Берлин на име на министерот Волфганг Шојбле. 

Тој бил испратен од грчката престолнина Атина, пренесе Франс прес, цитирајќи грчки политички извор.

Според истиот извор германските и грчките власти соработуваат во истрагата за случајот.

Според германскиот весник „Билд", цитиран од ТАСС, за испраќач на сомнителниот пакет бил наведен грчкиот пратеник Спиридон-Адонис Георгиадис. 

„Терористот или терористите очигледно го користеле моето име, бидејќи во Грција јас се сметам за пријател на Германија и на господин Шојбле"- вели грчкиот политичар за весникот.

Сомнителниот пакет стана причина за евакуација на неколку простории од зградата на министерството во Берлин. Беа повикани експерти за експлозиви, кои го уништија експлозивот. 

Според податоците на берлинската полиција експлозивите во пакетот биле со ниска моќност, слични на употребените во огномет. Тие сепак можеле да предизвикаат бројни трауми, ако бомбата експлодираше при отворањето.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан