05 Мај, 2024
0.0290

ПАЛМИТЕ ОТИДОА ВО ИСТОРИЈАТА: Неславен проект што чинеше 1 милион евра!

Објавено во: Економија 26 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Палмите завршија на депонија. Над половина милион евра се потрошија за проектот кој се гледаше дека нема да успее. На ова предупредуваа и експертите и сите познавачи во областа. Сепак, се немаше слух и поради нечиј хир беа купени 1100 палми кои не издржаа ни две години.

„Планинската суптропска клима и онаа која е присутна во пониските котлини во Македонија е сосема различна- кај нас летата се проследени со суви и топли воздушни струења и често долг период на суша што претставува ограничувачки еколошки фактор за алохтоните (странски, внесени, интродуцирани) палми. Тоа ги ослабува физиолошки и може целосно да ги исуши или трајно оштети. Дополнително, во текот на зимата, поради тоа што се засадени како дрворед (алејно дрвје) наместо онака како што природно успеваат- во поголеми или помали групи формирајќи шумички, ја немаат заштитата од матичниот насад односно стеблата не можат да се штитат од неповолните надворешни влијанија едни со други, потребно е да се заштитуваат на различни начини околу кореновиот систем и лисјата. Така, практично се менува микроклимата околу садницата и може да предизвика измрзнување- топла средина на садницата, а опкружена со студени воздушни струења од надворешната средина подолг временски период. Значи, доживува вегетациски шок поради импровизација на природните месторастежни услови“, вели доц.д-р Бојан Симовски од Катедрата за ботаника и дендрологија при Шумарскиот факултет. 

Според агрометерологот Ангелко Ангелески од Управата за хидрометеролошки работи, климатските услови се причина за тоа што голем дел од палмите се исушија.

„Почвените услови ги исклучувам оти ние имаме разноликост на почвени типови на кои би можеле палмите да успејат. Но проблемот настанува со климатските фактори.Тоа се тропски растенија и самото име кажува дека треба да бидат во тропските подрачја, сите тие бараат одредени температури. Кај нас ниту температурите во зима ниту во лето им одговараат. Ние годинава имавме прв пат една зима која беше вистинска зима. Ваквата зама со вакви температури кои морам да кажам и не беа толку екстремни оти во минатото сме имале и пониски температури, е причината поради која се исушија скоро сите палми засадени во земајва“, вели Ангелески.

Речиси половина милион евра за набавка на 1.100 палми

Проектот на актуелната влада за садење на палми се спроведе преку ЈП Македонски шуми и Паркови и зеленило. Пред три години ЈП Македонски шуми набави 1.100 палми за што се потрошија скоро половина милион евра. Паркови и зеленило ја има обврската за садење и одржување. Освен во Скопје, палми се насадија и во Охрид, Дојран, Струга, Преспа, Прилеп, Гевгелија. Дополнително, пари се издвојуваат и за одржување на палмите во живот, односно во текот на имата се виткаат со јутени вреќи или најлонски фолии, во текот на летото се прскаат со специјални прскалки. 

Па така, според неофицијалните проценки досега сумата потрошена за набавка и одржување достигнува речиси еден милион евра. Претходно првите 15 палми беа набавени пред околу пет години односно во склоп на проектот на Градот Скопје, Градска плажа на кејот на Вардар каде што и беа првично засадени. Проектот не заживеја, а палмите се дислоцираа на кејот кај Министерството за надворешни работи. Нивната набавак чинеше околу 15 илајди евра, но според некои проценки вклучително и со другите трошоци вредноста достигнала 25 илјади евра. Од друга страна садењето на палмите се спроведуваше во периодот кога масовно се сечеа автохтоните дрва.


Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра