ПАНИКА ВО БЕРЛИН: Што се случува?
Објавено во: Свет 29 Април, 2017
На аеродромот „Тегел“ во Берлин се евакуирани патниците, а полицијата морала да интервенира поради сомнителен багаж.
Портпаролот на германската полиција потоа изјави дека сомнителниот багаж, кој е пронајден на аеродромот, е безопасен. Во торбата немало ништо опасно.
Германската полиција претходно соопшти дека истражува сомнителен багаж на аеродромот. Летовите од и кон аеродромот „Тегел“ накратко беа прекинати, откако полицијата го евакуирала терминалот Б за да го истражи сомнителниот багаж.
Околу 20 минути подоцна, операторот и федералната полиција објавиле дека летовите можат да продолжат.