18 Мај, 2024
0.0344

ПАСТРМКА ЗА ФОН ДЕР ЛАЈЕН, ЈАГУЛА ЗА ПАХОР, ПИТУЛИЦИ ЗА РИКЕР - неформалниот дел од посетите на странските делегации

Објавено во: Македонија 31 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Посетите на високите странски делегации на земјава - претседатели, премиери, министри, но и други значајни претставници на меѓународни организации, покрај официјалните прес конференции и формални изјави, речиси секогаш имаат и една поведра и позабавна страна.

Покрај државничките цели од разговорите со нив, нивниот престој овде секако дека може да се искористи и за промоција на македонските убавини, од прошетки и погледи на живописни прегледи секогаш кога е тоа возможно, се до презентација на автентичната домашна кујна и специјалитети, кои ги воодушевуваат речиси сите што ги пробале, и кои не штеделе зборови на пофалба за нивниот квалитет и вкус.

Фактор во обид до македонските граѓани да го доближи тој неформален дел од посетите на странските делегации, кои гледано од она што се прикажува на медиумите и телевизиските екрани, делуваат можеби и некако ладно и премногу официјално, но секако дека има и позабавни содржини од оние службени изјави за јавноста.

Поставивме прашања до неколку државни инстанци за тоа кога во земјава доаѓаат високи гости од странство, како што се претседатели, премиери, и други високи дипломати - што се наоѓа на менијата на официјалните вечери или ручеци кои тие ги организират, каде главно тие се одржуваат, односно дали во познати македонски ресторани или во претседателските и премиерските вили во Скопје и во Охрид, но и кои специјалитети главно се нудат или, пак, кои се менијата кои гостите ги бараат.

На нашите прашања беа љубезни да одговорат единствено од Кабинетот на шефот на државата, Стево Пендаровски, наспроти Владата и Министерството за надворешни работи, кои или немаа време, или, пак, не сакаа тој дел од нивната работа да го споделат со јавноста.

Од Кабинетот на претседателот Пендаровски велат дека за време на ручеците или вечерите коитој ги приредува во чест на значајни странски гости, вообичаено доминираат македонски специјалитети, како што се пита, проја, ѓомлезе и разни видови македонско сирење. Во однос на пијалокот, пак, најчесто се послужува домашно вино од сортата Вранец.

„Во согласност со протоколарните правила, менијата секогаш се утврдуваат во договор со претставници од делегацијата која што го придружува странскиот претседател, премиер или друг висок претставник. Најчесто се промовира домашно мени кое го отсликува нашето поднебје, култура, обичаи и традиција, но храната секогаш е приспособена и на специфичните желби, или евентуални ограничувања во однос на одредени прехранбени продукти од страна на конкретниот гостин. Оттука, на некои од приредените ручеци застапена е и интернационална кујна“, објаснуваат од Кабинетот на шефот на државата.

Во однос на локацијата на која се организираат ручекот или вечерата, односно дали тие најчесто се одржуваат во Кабинетот на претседателот или во некој од традиционалните ресторани, тоа, како што објаснуваат од кај шефот на државата, најчесто е прашање од логистичка природа, и зависи главно од безбедносните протоколи, утврдената агенда, како и од активностите предвидени со посетата на гостинот.

Фактор го замоли Кабинетот на претседателот да наведе неколку конкретни примери за тоа како и со кои специјалитети беа пречекани некои значајни гости за земјава кои не посетија во последниов период. Дојдовме до интересни откритија.

А тие се дека на пример претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен, на работниот ручек организиран од претседателот Пендаровски, била послужена со пастрмка подготвена на охридски начин, македонска салата, тиква, како и круша приготвена во вино. 

Претседателот на Република Словенија, пак, Борут Пахор, бил пречекан во „Вила Билјана“ во Охрид, каде му бил приреден ручек со мени кое што се состоело од јагула подготвена на охридски начин, пастрмка и охридска торта.

„Филип Рикер, вршител на должноста помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, на работниот доручек во ‘Вила Билјана’ во Охрид, беше послужен со домашни специјалитети, како што се питулици, ајвар, македонски сирења (овчо и биено), качамак“, откриваат од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Оттаму додаваат дека речиси секогаш услугите на угостителскиот дел за значајните гости, кабинетот на претседателот ги работи заедно со Службата за општи и заеднички работи, односно нивната набавка е токму преку таа институција.

Се интересиравме и какви подароци најчесто им се даваат на високите гости.

Од Кабинетот потенцираат дека високите гости најчесто за подарок добиваат уникатни рачни изработки коишто ги негуваат нашите културни вредности, историја и традиција. Претседателот Пендаровски на претседатели, премиери и високи претставници на други држави најчесто им подарува резби со македонски мотиви, мозаици (пафти, пеперутки), филигран, бисерни комплети, македонско вино. 

„Меѓу поспецифичните подароци дадени на високи гости беше делото изработено од Билјана Клекачкоска – три птици околу капка течна светлина на лист лапис лазули, што претседателот Пендаровски му го подари на Папата Франциск, при посетата на Ватикан“, објаснуваат од Кабинетот на шефот на државата.

И конечно, се разбира дека впечатоците треба да ги кажат самите гости, но факт е дека нашите домаќини се потрудиле тие да бидат пречекани на највисоки ниво и да посакаат повторно да допатуваат во земјава.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија