17 Јануари, 2025
0.0277

Патарина 80 денари за автопат по кој не се вози!

Објавено во: Македонија 11 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Возачите реагираат на одлуката за поскапување на патарините, која веќе е на сила. Особено револт предизвикува поскапувањето на патарината на автопатот Велес-Петровец. „На овој автопат се наплаќа најскапа патарина од 80 денари, а по него едвај се вози“, реагираат возачите. Веќе подолго време граѓаните се жалат на катастрофалната состојба на коловозот на оваа автопатска делница, а од крајот на минатата година сообраќајот е уште повеќе отежнат затоа што започна санацијата на 13 моста на овој автопат. На голем дел од делницата во ек се градежни работи, заради кои движењето се одвива само по една лента, а брзините се максимално ограничени. „Оваа делница нема услови ниту за магистрален пат, а не за автопат“, реагираат возачите. Санацијата на 13 моста, проект тежок 8,6 милиони евра, треба да заврши дури  во јуни следната година, а истовремено тече реконструкцијата на целата делница со нов асфалт и банкини за што ќе се потрошат 10 милиони евра. Во 2006 година, кога слични градежни зафати се изведуваа на автопатот во спротивна насока, од Петровец до Велес, оваа патарина не се наплаќаше. Ваква одлука донесе тогашната Влада, поради санација на мостовите на јужната делница, откако ги зеде предвид поплаките и критиките на граѓаните за условите за возење на овој автопат. Одлуката го чинеше Фондот за патишта помалку приходи во износ од 200 милиони денари, кои беа надоместени од државниот буџет и со засилена контрола на останатите патарини. Оваа патарина со години работи и надвор од меѓународните норми и стандарди поради непостоење на алтернативен пат од Катланово до Велес и обратно, а возачите немаат можност да изберат дали ќе се возат по автопат и ќе платат или по спореден пат бесплатно.

Можеби ќе ве интересира

ЛА НИЊА НА НАЈЈАКО: Студ и снег ќе имаме и во следните месеци, можна појава на снег дури и во април!

ЛА НИЊА НА НАЈЈАКО: Студ и снег ќе имаме и во следните месеци, можна појава на снег дури и во април!

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс