Добивај вести на Viber
Осумдесет денари е патарината на автопатот Петровец-Велес и обратно од денеска, но за странци поскапувањето е уште поголема. На ценовникот на патарината стои дека се наплаќа 80 денари за лесни патнички автомобили или моторцикли или 1,5 евра.
Според официјалниот среден курс на НБРМ, 1,5 евра се всушност 92,5 денари.
Разлика има и кај останатите цени. Така билет од втора категорија кој чини 120 денари, претворено во евра се наплаќа 2,5 евра (154 денари), во трета категорија билетот од 220 денари се наплаќа 4,5 евра (277,5 денари), а во четврта категорија за превозни средства со висина над 10,5 метри билетот кој чини 330 денари изразено во евра е 6,5 евра (401 денар).
Поскапите цени важат не само за странците, туку и за македонските граѓани кои ќе сакаат патарината да ја платат во евра.
Освен патарините, од денеска зголемени се и ставките за надоместоците за јавните патишта, кои се плаќаат при регистрација на возило, со што во пари, за автомобилите, вкупниот износ при регистрација на возило се зголемува за 600 до 800 денари.