Патот Гостивар-Охрид и ова лето се затвора за камиони
Објавено во: Мои пари 30 Јуни, 2013
Од утре, па се до 1-ви септември стапува во сила ограничувањето на движење на тешките товарни возила во земјава. Така сите камиони над 7,5 тони нема да смеат да се движат во петок од 15 до 24 часот и сабота и недела од седум до 24 часот. Ова важи за патниот правец Гостивар-Охрид-Гостивар, а мерката се воведува поради зголемениот број туристи кои сообраќаат по овој пат во текот на летото.
Еден месец порано и Град Скопје соопшти дека на 1 јуни воведува сезонскиот вонреден времен режим на сообраќај односно забраната за движење на тешки товарни моторни возила на подрачјето на главниот град. Оваа забраната важи секој ден, од 10 до 20 часот и ќе трае до 1 септември 2013 година.
Воведена е со цел да се заштитат коловозите од оштетување поради големите осни оптоварувања на тешките товарни моторни возила во услови на високи дневни температури во летните денови.