Патријархот Неофит очекува единство со МПЦ - каква порака испрати?
Објавено во: Македонија, Балкан 11 Декември, 2017
Бугарскиот Патријарх Неофит го испрати својот претставник во градот Струмица, Македонија. Дедо Сиониј кој присуствуваше на литургијата по повод “Св. Петнаесет Тивериополски (Струмичко) свештеномаченици”, пишува БГНЕС.
Сиониј ја прочита пораката од Неговата Светост Патријархот Неофит до Митрополитот Наум по повод прославата на која присуствуваа многу луѓе, меѓу кои и премиерот Зоран Заев.
Во знак на почит и гостопримство Сиониј, како што пишува БГНЕС, бил поставен на владичкиот трон. Во струмичкиот храм биле присутни четворица владици од МПЦ, дебарско-кичевскиот Тимотеј, тетовско-гостиварскиот Јосиф, кумановско-осоговскиот Јосиф и струмичкиот владика Наум, како и премиерот Зоран Заев.
„На овој празничен ден нашите молитви се со Црквата на Република Македонија. Господ да благослови во најскоро време да бидеме во, од сите посакуваното единство и благодетна евхаристична заедница“- пишува меѓу другото во поздравната порака од бугарскиот патријарх Неофит.
Македонскиот владика Тимотеј му се заблагодари на бугарскиот патријарх Неофит за напорите кои ги вложува за признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА.