Патријархот Вартоломеј лут на БПЦ за поддршката на македонската црква
Објавено во: Балкан 13 Април, 2018
Патријархот Вартоломеј и се налути на БПЦ поради отворената поддршка која и ја дава на Македонската православна црква - Охридска архиепископија со тоа што ја презеде улогата на мајка црква застапувајќи ја пред станатиот дел од православниот свет и давајќи и поголем легитимитет.
МПЦ-ОА поради спорот со СПЦ е окаректеризирана како „расколничка“ црква која се издвоила без соодветна дозвола и процедура.
Патријархот Вартоломеј тврди дека единствено црквата во Константинопол може да биде мајка црква на балканските цркви, што смета дека е согласно и самата историја.