28 Април, 2024
0.1522

Павлопулос ја откри вистинската мака на Грците - Македонското малцинство вон границите

Објавено во: Балкан 05 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Грчкиот претседател Павлопулос откри кој е всушност вистинскиот проблем кој Грција го има со уставното име на Македонија. Тоа не е историјата, ниту географската област, туку македонското малцинство кое и натаму е под репресија во Грција, како и сите историски имликации кои доаѓаат со него. Павлопулос на индиректен начин призна која е главната мака на Грција, а тоа е да не се признае името Македонија, да се смени Уставот и да се гарантира дека не постојат таков вид на малцинства надвор од границите на нашата земја, ниту јазик (македонски) кој би настојувал на соодветните права. 

Ова, според грчкиот претседател Прокопис Павлополус, се предусловите за решавање на спорот за името и постигнување договор меѓу Атина и Скопје.

- Прво да го сменат нивниот Устав, а потоа, кога ќе стигнеме до каков било договор, во овој договор ќе има име кое нема да зрачи иредентизам. И кога велиме иредентизам мислиме на три работи: не може во никој случај ова име да подразбира промена на границите. Второ, не може ова име да упатува на етничка припадност вон границите на ПЈРМ. И трето, не може ова име да упатува на јазик надвор од границите, што би предизвикало малцински права и во оваа област. Овие три работи се факт, изјави Павлопулос, вчера од грчката општина Пиндас-Колиндру, каде што беше прогласен за почесен граѓанин.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Павлопулос потенцираше дека е потребна промена на Уставот како основен предуслов за решение, но и „за заштита на самиот премиер на ПЈРМ“.

- Не може во моментот кога доаѓаат да се договорат за компромисот кон кој и тие се стремат, да ти кажат: овој компромис ќе го направиме, но не можеме сега да го смениме Уставот, ќе го смениме во иднина. Дали е тоа демократска земја? Премиерот на оваа земја не разбира каква опасност предизвикува самиот кога изјавува дека е спремен да потпише еден договор што е спротивен со Уставот? Можете да си замислите некој лидер од Западот, од ЕУ, да кажеше такво нешто? – додаде Павлопулос, објави МИА.

Според грчкиот претседател, ставот на Грција е јасен и е во согласност со меѓународното и европското право и не е „Грција одговорна доколку самите, со нивниот став, ја поткопуваат нивната НАТО и ЕУ перспектива“. 

Грција инаку е една од ретките земји во Европа која нема потпишано ниту една меѓународна конвенција за заштита на малцинствата, ниту пак признава дека истите постојат на нејзина територија. 

Можеби ќе ве интересира

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница

„ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА НА ТЕХНОФЕУДАЛИЗАМ, НИЕ СМЕ ОБИЧНИ КМЕТОВИ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ“ - Јанис Варуфакис напиша нова книга, еве кои му се плановите

„ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА НА ТЕХНОФЕУДАЛИЗАМ, НИЕ СМЕ ОБИЧНИ КМЕТОВИ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ“ - Јанис Варуфакис напиша нова книга, еве кои му се плановите

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ОСВЕН ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА, СРБИЈА ЌЕ СТАНЕ НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА БАКАР ВО ЕВРОПА: Се подготвуваат големи инвестиции

ОСВЕН ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА, СРБИЈА ЌЕ СТАНЕ НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА БАКАР ВО ЕВРОПА: Се подготвуваат големи инвестиции

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ПРОШИРУВАЊЕ НА „ЛИДЛ“: Инвестирани 120 милиони евра во нов логистички центар во близина на Загреб

УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ПРОШИРУВАЊЕ НА „ЛИДЛ“: Инвестирани 120 милиони евра во нов логистички центар во близина на Загреб